Централа од 40 kWp на трапезен кров, поставена без ниту едно пробивање на хидроизолацијата. Покрива над 70% од дневната потрошувачка на погонот.

Соларен систем од 10 kWp со 15 kWh батерии и автоматско префрлање при прекин на мрежата. Куќата останува под напон и во зима.

Главен ормар од 630 A и четири подразводни ормари со фреквентни регулатори, изработени по проект и испитани пред испорака.

Најголемата централа што сме ја изградиле досега – 150 kWp на земја, со мониторинг по низа и трафостаничен приклучок.

Јака и слаба струја, разводни ормари, громобранска инсталација и заземјување за угостителски објект – изведено и атестирано за 11 недели.
